Челните лица на ФА и Герет Саутгејт бесни на изјавата на Солскјер

Оле Гунер Солскјер, менаџерот на Манчестер Јунајтед „влезе во војна“ со Фудбалската федерација на Англија и се селекторот Герет Саутгејт. 

Норвешкиот стратег пред стартот на сезоната на својот тим во Премиер лигата, истакна дека не е задоволен од односот на првите лица на англискиот фудбал, затоа што не го прифатиле неговото барање младиот Мејсон Гринвуд да не биде повикан за селекцијата на првиот овосезонски репрезентативен прозорец.

„Секретарот на клубот испрати писмо до ФА, во кое баравме Гринвуд да биде поштеден, затоа што имаше напорна сезона и во тој момент не беше целосно подготвен за настап. Но, можеби требаше јас лично да разговарам со Саутгејт. Сметам дека ФА треба повеќе да се грижи за своите млади фудбалери, но не верувам дека инцидентот во хотелот е нивна грешка“, рече Оле. 

Тамошните медиуми пишуваат дека ФА и Саутгејт биле бесни на овие зборови на менаџерот на Манчестер Јунајтед, тврдејќи дека до нив не стигнал никаков допис од англискиот клуб.