ВИДЕО: Челинџот со тоалетна хартија во домот на Погба заврши во главата на неговиот син

Голем број спортисти го прифатија предизвикот со жонглирање со тоалетна хартија, кој е дел од кампањата „Остани дома“, а меѓу последните е првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Францускиот ас, кој поради повреда подолго време е надвор од терените, заедно со својата фамилија го минува периодот на изолација, а при нивниот челинџ со тоалетна хартија се случи урнебесен момент. Сопругата Зулај по сè изгледа не ја владее фудбалската игра, па нејзиниот обид да жонглира со тоалетна хартија заврши во главата на нивниот син.

  • Предизвикот со тоалетна хартија на семејството Погба: 
 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

This is what happens when I try to do the #toiletpaperchallenge @paulpogba

A post shared by Zulay Pogba (@zulaypogba) on

Паузата поради коронавирусот е добредојдена за најскапиот член на Манчестер Јунајтед, затоа што доби доволно време за целосно заздравување и доколку се продолжи сезоната, се очекува да биде во ростерот на Оле Гунер Солскјер.