„Челичниот“ Ињаки Вилијамс: Не пропуштил меч за Атлетик Билбао цели ПЕТ ГОДИНИ!

Vilijams

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, беше херој на тимот од Баскија на гостувањето кај Севиља

Брзоногиот голгетер го постигна единствениот погодок на мечот одигран на „Рамон Санчез Писхуан“. Тоа донесе големи три бода за неговата екипа, која се бори за да обезбеди место во Европа наредната сезона.

26-годишникот постојано е дел од натпреварите на Атлетик. Нема пропуштено натпревар цели пет години, поточно бил дел од 191 меч во низа, што навистина е неверојатен податок.

Во 2019 година, Вилијамс потпиша деветгодишна соработка со екипата од Билбао. Неговата откупна клаузула изнесува 135 милиони евра.