• Горан Упале
Екипата на Челзи против Шефилд Јунајтед можеби го одигра својот најдобар натпревар оваа сезона во Премиер лигата. „Сините“ на Френк Лампард изгледаа моќно на „Стемфорд Бриџ“ и со убедливи 4-1 го совладаат тимот од градот на челикот.
Еден од најдобрите поединци на лондончани беше новото засилување Хаким Зијеч. 27-годишниот офанзивец одигра блескава партија, запиша две асистенции, а го имаше и потегот на натпреварот. Мароканецот е познат како вешт дриблер, а тоа на своја кожа го почувствува Бен Озборн. Зијеч ја прими топката покрај аут-линијата, направи чекор назад, па потоа на експлозивен начин го измами противникот и го остави десет метри зад себе.
- Атрактивниот дриблинг на Зијеч против Шефилд:
Зијеч заедно со Вернер и Хаверц имаат потенцијал да станат најдоброто напаѓачко трио во светскиот фудбал, но се разбира, тоа треба да го покажат на терен.