ВИДЕО: „Чеканите“ удрија по Њукасл и запишаа нови лесни три бода

Една од најнепостојаните екипи во Премиер лигата, Вест Хем на чилеанскиот стручњак Мануел Пелегрини, им се врати на победите, откако во последниот саботен натпревар од 29. коло на Премиер лига го совлада Њукасл Јунајтед со 2-0 (2-0). Двете екипи се релативно безгрижни на средината на табелата, но „црно-белите“ не смеат да влезат во негативна серија, бидејќи брзо може да се најдат во опасната зона.

„Чеканите“ во првиот дел се наметнаа над ривалот, а брзиот гол на Деклан во седмата минута значително им помогна да го „скршат“ дефанзивниот противник. Во најпозитивниот момент на Њукасл Јунајтед, беше досудена настрога казна за Вест Хем, а капитенот Марк Нобл, пеналот го претвори во гол и двојна предност.

Влегувањето на Атсу и Диаме донесе живост кај Њукасл во вториот дел. Гостите изведоа неколку корнери, се обидоа и од дистанца, но резултатот не се менуваше и „чеканите“ ја запишаа 11-та победа сезонава.

Утре 29. коло ќе биде заокружено со уште три натпревари, во кои Роџерс ќе дебитира на клупата на „лисиците“ кај Вотфорд, Фулам со Паркер на клупата го пречекува Челзи, а на „Гудисон парк“ се игра градското дербина Ливерпул.