ВИДЕО: „Чеканите“ тотално разочараа, Евертон носи полн плен од Лондон

Најнепредвидливата екипа во Премиер лигата, Вест Хем на чилеанскиот стручњак Мануел Пелегрини, уште еднаш се претстави во своето негативно издание и загуби пред своите гледачи во Лондон од Евертон со 0-2 (0-2) во последниот саботен натпревар од 32. коло на Премиер лигата. „Карамелите“ одиграа многу подобро прво полувреме и запишаа три бода за позитивен влез во последните два месеци од сезоната во Англија.

Францускиот дефанзивец Курт Зума во петтата минута го отвори резултатот, а Бразилецот кој дојде од Шахтјор, Бернард во 33. минута ги постави финалните 0-2. „Чеканите“ во вториот дел креираа многу повеќе шанси, но Пикфорд не ја вадеше топката од мрежата.

  • Извештај од натпреварот: 

Многуте повреди се главната причина за уште едно стерилно издание на нападот на Вест Хем. Очигледно пресвртот против Хадерсфилд не донесе позитивен клик во екипата. 

Со овие три бода Евертон го прескокна Вест Хем и сега има бод повеќе во централниот дел на табелата на седум кола до крајот на Премиер лигата.