ВИДЕО: Чех немоќен, Бурижо со „бомба“ ја скина мрежата на Арсенал

Фудбалерите на Арсенал подобро влегоа во натпреварот против Рен и со голот на Алекс Ивоби уште во четвртата минута поведоа со 0-1.

Во продолжение „топџиите“, иако се чинеше дека го контролираат натпреварот, во самиот финиш на првиот дел домаќините целосно се вратија во игра. Најпрво, во 41. минута гостите останаа  со човек помалку по исклучувањето на Сократис Папастатопулос, а само две минути подоцна Бенжамин Бурижо со вистинска „бомба“ од околу 17 метри го матира Чех, откако во првиот обид од слободен удар биеше само во живиот ѕид.

Погледнете го ударот на Бурижо, за кој одговор немаше ниту Петр Чех: