Чех ќе ја заврши кариерата против Челзи, па ќе седне во директорското место на „Стемфорд бриџ“

Чешкиот голман на Арсенал, Петар Чех, за една недела ќе ја заврши кариерата, а англиските медиуми објавија дека ќе се врати во својот поранешен клуб Челзи, но сега како спортски директор.

37-годишниот Чех настапуваше за Челзи помеѓу 2004 и 2015 година и освои 15 трофеи, вклучувајќи ги и четирите титули во Премиер лигата, четирите англиски купови, Лигата на Шампионите и Лига Европа.

Својот последен натпревар во кариерата Чех на 29 мај ќе го одигра за Арсенал во финалето на Лигата на Европа во Баку против Челзи.

Директорската функција во Челзи е испразнета веќе една година и Чехот ќе ја пополни, свртувајќи нова страница во својата кариера.