Чеферин ветува безбеден шампионат, 22.000 полицајци дневно ќе работат низ Германија

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин е оптимист и не гледа конкретни закани по безбедноста на присутните на шампионатот.

Словенецот додаде дека токму поради геополитичката ситуација е добро што Европското првенство повторно ќе се одржува во една земја, а не на целиот континент, како што беше во 2021 година.

„Немаме конкретни безбедносни проблеми. Но, безбедносен проблем за мене е сложената геополитичка ситуација во светот. Се повеќе насилство. Сè повеќе агресија. Генерално, ситуацијата во светот не е идеална.

За нас е многу полесно да работиме со една полиција и една тајна служба во една земја, во споредба со турнир во повеќе земји. Секогаш е предизвик да се организира голем настан како Европско првенство, поради зголемената опасноста по безбедноста. Во овој аспект веројатно е поголем предизвик од организирањето на Олимпијадата. Добро соработуваме со германските власти. Ја посетив министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер, во Берлин и претходно разговаравме неколку пати. Сите соработуваат“, рече Чеферин.

Турнирот ќе биде максимално безбеден за сите, а 22.000 полицајци ќе работат само за Европското првенство секој ден.