Чеферин: Распоредот во Суперлигата беше смешен, само Реал и Јуве ќе играа секоја седмица

Пред четири дена во светскиот фудбал настана целосен хаос откако беше објавен договорот за формирањето на Суперлигата. Но, планот на европските гиганти се распадна како кула од карти. Шесте англиски клубови први го напуштија ова натпреварување, а потоа истото го направија и Милан, Интер и Атлетико Мадрид, па сега во одбраното друштво останаа само Јувентус, Реал Мадрид и Барселона

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин соопшти дека го видел распоредот на натпревари што му ги доставил еден клуб и тврди дека само Реал Мадрид и Јувентус би играле натпревари секоја недела.

„Еден клуб денес ми го испрати распоредот со натпреварите во Суперлигата. Изгледаше многу смешно затоа што само Реал Мадрид и Јувентус играа секоја недела. Работиме со нашиот тим на постапки против клубовите. Тоа ќе биде последица за сите. Сепак, сигурно ќе земеме предвид дека англиските клубови ја признаа грешката. Имавме 235 од 247 клуба на наша страна, сега ние имаат 244. Очекуваме сите да ги разберат своите грешки и да се соочат со последиците“, рече Чеферин.

Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Тотенхем, Арсенал и Челзи се англиските екипи кои први од Суперлигата ја признаа грешката и се вратија кај УЕФА.