Чеферин презадоволен: Лигата на нации ги надмина сите наши очекувања

Пред неколку дена заврши првата фаза од премиерното издание на Лигата на нации, кое наиде на многу пофални зборови од пошироката фудбалска јавност во Европа.

Најголема заслуга за овој репрезентативен систем на натпреварување има првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, кој по завршувањето на групната фаза истакна дека е презадоволен од тоа како функционира натпреварувањето.

„Заврши првиот дел од новиот проект на УЕФА. Со задоволство можам да кажам дека Лигата на нации ги надмина сите наши очекувања. Поуспешна е од тоа што сите очекувавме“, рече Чеферин.

Успешен настап во Лигата на нации имаше нашата сениорска репрезентација, која обезбеди полуфинале и учество во лигата Д во следниот циклус.