Чеферин нема да има противкандидат во изборот за прв човек на УЕФА

Александар Чеферин, актуелниот прв човек на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), ќе биде единствениот кандидат за претседателската фотелја на оваа асоцијација на претстојните избори во февруари, идната година. 

Од УЕФА информираат дека до денес сите заинтересирани кои ги исполнуваат дадените барања, имаа право да поднесат своја кандидатура, но апликација единствено испратил само словенечкиот адвокат. 

Чеферин во својата прва ера на чело на УЕФА направи неколку значајни проекти за развојот на фудбалот во Европа, го зајакна финансискиот фер-плеј и го оформи новото натпреварување Лигата на нации, кое за многумина е полн-погодок. 

Тој за претседател беше изгласан во 2016 година, како замена за Мишел Платини.