Чеферин: Три клуба веруваат дека „земјата е рамна“, тие ќе бидат најостро казнети!

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин повторно зборуваше за неуспешниот проект и Суперлигата. Словенецот беше прашан дали ќе има санкции за клубовите, а според него не сите засегнати страни се на исто рамниште. 

Чеферин ги издвои англиските клубови, но и Атлетико, Интер и Милан кои се покаја за одлуката. Сепак, нагласи дека најголем е проблемот со Реал, Барса и Јуве. 

„Секој мора да сноси последици за своите дејствија. Не може да направите такво нешто и да кажете: „Не казнуваат бидејќи не мразат“. За мене има разлика меѓу англиските клубови и останатите шест, бидејќи се повлекоа. Треба да имате големина и да кажете дека сте погрешиле, а тоа го направија и Интер, Атлетико и Милан. 

Покрај нив, тука се и три екипи кои веруваат дека земјата е рамна и дека Суперлигата сè уште постои. Сите ќе бидат одговорни, но најостри казни ќе има за Реал Мадрид, Барселона и Јувентус кои мислат дека ќе успеат со проектот“, изјави Чеферин. 

Засега не е познато за какви санкции станува збор. Реал Мадрид „преживеа“ и нема да биде дисквалификуван од Лигата на шампионите, па според планот ќе го одигра полуфиналето со Челзи, а Барселона и Јувентус повеќе немаат задолженија на евро-сцената.