Чеферин демантираше дека финалето на ЛШ 2021 година ќе се одржи во Њујорк

Чеферин

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, ги демантираше последните шпекулации дека финалето во Лигата на шампионите за три години ќе се одржи во Њујорк.

„Идејата воопшто не се разгледува, УЕФА не планира да го закаже финалето надвор од Европа. Сепак, тоа е идеја која би можеле да ја разгледаме во иднина“, вели Словенецот.

На крајот од оваа сезона, мечот за титулата во најквалитетното натпреварување во Европа ќе се одржи во Мадрид на 1 јуни.

Дуелите во групната фаза од Лигата на шампионите започнуваат наредната недела, а за првпат истите ќе можеме да ги гледаме во два термини, од 18:55 и 21:00 часот.