• Горан Упале

Ако Аргентина го немаше Лионел Меси во своите редови, немаше да биде светски првак, но на неодамна завршеното Светско првенство во Катар немаше да се пласира ниту во четвртфиналето, смета претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
И првиот човек на европскиот фудбал, кој пред неколку дена доби нов четиригодишен мандат, смета дека фудбалерот на ПСЖ заслужил конечно да го освои овој трофеј.
„Убеден сум дека без Меси, Аргентина немаше да стигне до четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
Секогаш кога играчите на оваа репрезентација не знаеја што да прават со топката му ја додаваа нему. Тој е феноменален, тој може сам да го реши натпреварот и така беше. Имавме можност да го гледаме епското финале во Катар, а Аргентина беше подобра од Франција“, изјави Чеферин.
Капитенот на селекцијата на Аргентина одигра седум натпревари за националниот тим во Катар, постигна исто толку голови, трипати им асистираше на соиграчите, а на крајот по победата над Франција, му беше доделена наградата за најдобар играч на турнирот (МВП).