Чедомир Јаневски пред враќање на Кипар, ќе го преземе Олимпијакос?

Доколку им веруваме на кипарските медиуми, нашиот поранешен селектор Чедомир Јаневски е пред враќање на фудбалската клупа, затоа што е поврзан со преземање на тимот Олимпијакос од Никозија. 

Истите пишуваат дека раководството на Олимпијакос и Јаневски веќе постигнале договор за меѓусебна соработка, а официјалната презентација се предвидува дека ќе биде кон почетокот на месец феваруари. Еден од најистакнатите македонски стратези со долгогодишно искуство во странство, својот последен ангажман го имаше токму на Кипар, но поради пандемијата предвреме го раскина договорот со Енозис. 

Во својата богата кариера, Јаневски претходно беше на чело на Монс, Беверен, Бриж, Мускрон, Црвена Звезда, Вардар, Етникос, а селектор на Македонија беше во 2013 година. 
 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.