Чедомир Јаневски има нов клуб, повторно ќе работи на Кипар

Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски има нов ангажман и по една година пауза повторно се врати во кипарскиот фудбал каде ќе има мисија да спаси тим од испаѓање.

63-годишниот Јаневски, кој последен пат работеше во АЕЛ Лимасол на Кипар, овој пат ќе го води тимот на Неа Саламина. Тимот е претпоследен на табелата и го чека борба за опстанок до крајот, а тоа ќе биде мисијата на македонскиот стратег.

Јаневски има искуство во Кипар, затоа што покрај во АЕЛ Лимасол, работеше и во Олимпијакос Никозија и Енозис. Низ кариерата, тој беше дел и од Исмаили од Египет, Бриж, Гент, Беверен, Мускрон, Монс од Белгија, Вардар, Црвена Звезда, беше селектор на Македонија и Јужна Африка...