Чеде Јаневски пред потпис со ЦСКА Софија

Македонскиот тренер Чедомир Јаневски е пред договор со бугарскиот прволигаш ЦСКА Софија, пишува тамошниот весник„ Меридиан Мач“.

Јаневски, кој има 56 години и последен пат го водеше Вардар, ќе пристигне во Бугарија в петок и доколку разговорите завршат според планираното, ќе потпише договор за соработка со тимот од Софија.

Стратегот во Бугарија има многу пофалби, пред се поради пласманот со Вардар во групната фаза на Лига Европа преку турскиот гигант Фенербахче. Покрај во Вардар, Јаневски беше и селектор на Македонија, а на клупски план има работено и во Белгија, во Бриж, Монс, Мускрон и Беверен.