Чеде го препороди Олимпијакос Никозија и го внесе во „шампионската група“

Македонскиот стратег Чедомир Јаневски заврши одлична работа за Олимпијакос Никозија и во само пет кола го препороди тимот, затоа што успеа да го внесе во „шампионската група“, односно меѓу најдобрите шест екипи на Кипар.

Јаневски и Олимпијакос во последното коло славеа над АЕК Ларнака (1-0) во чии редови на овој меч беа Иван Тричковски и Стефан Спировски. Така, тимот скокна на шестото место и го фати „последниот воз“.

Јаневски на Кипар се врати пред крајот на јануари и тргна со реми против лидерот Омонија. Потоа, ги победи Неа Саламис, Кармиотса и АЕК Ларнака, а загуби само од АПОЕЛ (2-3) 

До крајот на сезоната следи битката за Европа, но таа ќе биде тешка за Јаневски и Олимпијакос Никозија.