ВИДЕО: Че Адамс човек на одлука, Саутемптон ја продолжи позитивната серија во Премиер

Екипата на Саутемптон продолжува со одличните игри и резултати во Премиер лигата и со победата над Норич ја продолжи серијата од пет натпревари без пораз во елитата (2-0).

  • Извештај од натпреварот:

Ниту менаџерската смена не донесе промени кај „канаринците“. Дин Смит во своите воведни натпревари успеа да собере неколку бодови, но еуфоријата кратко траеше и Норич им се врати на старите навики и моментално е сè подалеку од опстанок во англиската елита, запишувајќи го третиот пораз во низа.

Човек на одлука на „Сент Мери“ беше шкотскиот напаѓач Че Адамс, кој со својот седми овосезонски погодок ја потврди одличната форма оваа година и со погодокот во 36. минута обезбеди победа на својот тим за искачување на деветтата позицијата на табелата во Премиер лигата. 

Покрај голот на Адамс, „светците“ имаа уште неколку изгледни шанси за погодок, додека Норич беше речиси безопасен и во текот на сите деведесет минути упати само еден директен удар кон противничкиот гол. Во самиот финиш иницијативата на домаќинот донесе нов погодок и Ромеу во 88. минута ги постави конечните 2-0.

Саутемптон победничката серија ќе проба да ја продолжи на гости кај Астон Вила, а Норич излез од кризата ќе брка на свој терен со Брентфорд.

Состави

Ралф Хасенхутл

4-4-2

    Dean Smith

    4-3-3