Чави: Заслуживме да победиме, тие постигнаа гол од единствената шанса

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, беше разочаран по ремито во Неапол. Дуелот меѓу Наполи и Барселона заврши со резултат 1-1.

Гостите од Каталонија во еден момент имаа сè – игра, резултат и контрола на теренот, а потоа откако примија гол, целосно паднаа. Без разлика на тој исход, Чави смета дека неговиот тим заслужил многу повеќе од реми.

„Заслуживме да победиме. Требаше само да ја смириме играта по голот, додека игравме на половината на противникот, тоа ми недостасуваше.

Но, ова е Лигата на шампионите, тие постигнаа гол од единствената шанса што ја имаа“, изјави тренерот на Каталонците.

Реваншот е на 12 март во Барселона, каде избраниците на Чави сигурно ќе ја понесат улогата на фаворит.

Состави

Франческо Калцона

4-3-3

    Чави

    4-3-3