• Горан Упале

Чави Хернандез пред дуелот против Севиља, кој се игра вечерва на „Камп Ноу“, смета дека формата на неговиот тим е во нагорна линија.
Младиот стратег призна дека Барселона игра одличен фудбал, но додаде дека Каталонците пред себе ќе имаат цврст и мотивиран тим предводен од искусниот Сампаоли.
„Имаме комплициран противник пред нас и покрај ситуацијата на табелата.
Хорхе Сампаоли е одличен тренер кој работи многу добро во одбраната и одлично го користи високиот пресинг. Тие се бунтовници, со искусни играчи.
Нам ни требаат навивачите. Во добра форма сме, но мораме да дадеме многу за да го поминеме тестот“, рече Чави.
Натпреварот меѓу Барса и Севиља се игра вечерва од 21:00 часот.