• Иван Димовски
Германскиот клуб РБ Лајпциг потврди дека ги обезбеди услугите на Чави Симонс како позајмен фудбалер и во сезоната 2024/25.
Холанѓанецот кој одигра одлично на Европското првенство беше на мета на повеќе клубови, но ПСЖ беше јасен дека играчот не е на продажба. За „сува“ позајмица се сложи Лајпциг, па Симонс и во следната сезона ќе настапува на „Ред Бул Арена“.
21-годишникот минатата сезона за Лајпциг одигра 43 официјални натпревари, постигна десет погодоци и подели 15 асистенции. Поради тоа е јасно зошто челниците на овој клуб дадоа максиуми и обезбедија уште едногодишна позајмица.
Чави Симонс е фудбалер кој игра примарно на позицијата офанзивен играч за врска, меѓутоа може да покрие повеќе места на теренот. Поради тоа тој ќе му биде конкурент на Ељиф Елмас и во битка за првотимски статус.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.