Чави: Нема да кријам, Барселона сакаше да ме ангажира 

Екипата на Барселона пред два дена се реши да му врачи отказно решение на Ернесто Валверде и веднаш го назначи Сетиен за нов предводник на тимот. Но, искусниот стратег не беше првата опција на челните лица на Каталонците, но до меѓусебна соработка стигна откако Чави се реши да ја обие понудата да седна на клупата на својот поранешен тим.

Легендата на Барса, откри дека имал преговори со Абидал и Груао, но не сакал толку рано да преземе така голем чекор во својата тренерска кариера.

„Нема потреба да кријам. Да, имав понуда од Барсалона, разговарав со Абидал и Груао, но не прифатив. Мислам дека е прерано за мое заминување на таа клупа, но тоа не значи дека не сакам да ја водам Барселона. Се надевам дека во иднина ќе се случи тоа“, рече Чави. 

39-годишниот поранешен капитен на Барселона својата тренерска кариера ја започна пред една година, кога седна на кормилото на Ал Сад.