Чави ќе мора без Педри до крајот на годината

Педри

Младиот Педри ќе биде недостапен за Барселона до крајот на тековната година. Талентираниот фудбалер се очекува да започне со тренинзи во последната недела од декември, а дури потоа да добие можност од докторите да игра официјални натпревари.

Шпанскиот репрезентативец одигра голем број натпревари во ланската сезона. Потоа го одби одморот од каталонскиот клуб и веднаш се стави на располагање на Роналд Куман.

Тогаш започнаа неговите проблеми. Најпрво се повреди против Баерн Минхен, а потоа се врати во конкуренција за настап. Меѓутоа одново се најде на листата повредени фудбалери по мечот со Бенфика.

Педри мораше да започне нов процес на опоравување на тетивата. Поради тоа каталонскиот тим одлучи целосно да го спречи да игра и да му овозможи да се врати кога ќе биде максимално подготвен за тоа.

Оваа сезона шпанскиот интернационалец одигра само четири меча за Барса.