• Зоран Мишевски
Шпански тренер нема да го води Баер Леверкузен во новата сезона, откако првата опција за наследник на отпуштениот Ерик тен Хаг ја одби понудата. Во шпанските медиуми се појавија информации дека 45-годишниот фудбалски стручњак е меѓу кандидатите за функцијата во клубот од Леверкузен. Сепак, тој категорички одби таква можност и не ги обрзложи причините.
Баер Леверкузен вчера го отпушти тренерот Ерик тен Хаг, кој беше назначен во летото 2025 година. Под негово водство, тимот освои еден бод во првите две кола од Бундеслигата.
Тен Хаг е првиот тренер во Бундеслигата назначен во летниот преоден рок и отпуштен по само две кола.
По пропаѓањето на опцијата Чави, сега Един Терзиќ е фаворит за тренерското место во Леверкузен.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

