Чави: Јас сум „војник“ на Барса, сакам да ја вратам на победничките патеки

Откако Барселона полека ги губи шансите за одбрана на титулата во Примера, шпанските медиуми веднаш започнаа со шпекулациите за заминување на Кике Сетиен, веднаш штом заврши сезоната во домашниот шампионат.

Повторно меѓу кандидатите за нов предводник на каталонскиот тим се споменува името на легендата на клубот Чави Хернандез. Поранешниот капитен беше во игра и по отказот на Валверде, но тогаш ја одбил да застане на чело на Барса, велејќи дека сè уште не е подготвен за таков предизвик. 

Но, по новата криза на „Ноу Камп“ се чини дека легендарниот фудбалер како да се предомисли и сега е би прифатил соработка со својот екс-клуб.

„Мојата најголема желба е да станам тренер на Барселона и да го вратам клубот на победничките патеки. Јас сум „војник“ на клубот и би сакал да се вратам во вистински момент и да започнам проект од нула. Повторно велам дека само фудбалските мотиви ме интересираат кога во прашање е преземањето на клупата на Барса. Можеби идеален тајминг да се вратам е следното лето, кога во Барселона има претседателски избори“, вели Чави, кој моментално е тренер на катарски Ал Саад. 

Барселона пред два дена одигра само 2-2 против Селта и дозволи Реал Мадрид да се „одлепи“ на табелата во Примера. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.