Чави израмни рекорд на Зинедин Зидан

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез влезе во историјата на шпанскиот фудбал, бидејќи на седумнаесет последователни гостувања остана непоразен како шеф на стручниот штаб на Каталонците.

Во петтото коло од шпанскиот шампионат, Барселона на гостински терен го победи Кадиз со 0-4. Тоа беше седумнаесетти последователен натпревар за Чави на клупата на Барселона без пораз на гостински терен во Примера.

Не е поразен на гостински терен откако во ноември минатата година го презеде тимот од „Ноу Камп“. Со тоа Чави се израмни со францускиот тренер Зинедин Зидан, кој како предводник на Реал исто така беше непоразен на гости седумнаесет пати по ред.

Тренерот на Барселона ќе има можност да го претекне Зидан на следното гостување на каталонскиот клуб, закажано за први октомври во Мајорка.

Состави

Нема податоци за овој натпревар

Серхио

    Francisco Javier Garcia Pimienta