• Саше Љолес

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, ги демантираше гласините од шпанските медиуми дека управата решила да му врачи отказ.
Овие информации се појавија откако изјави дека Барса не може да му парира на Реал Мадрид поради лошата финансиска ситуација, но младиот стратег вели дека има целосна поддршка од претседателот Жоан Лапорта.
„Разговарав со челните лица и тие ми рекоа да останам смирен и сталожен. Имам многу работа пред себе и треба да се фокусирам на вистинските проблеми. Ќе продолжам да работам со иста мотивација и посветеност, нема никакви промени. Имам целосна поддршка од претседателот и спортскиот директор“, изјави Чави.
Оваа изјава доаѓа како голем пресверт и сериозен демант на сите шпекулации за смена на Чави, кој минатата сезона успеа да ја освои шампионската титула во Шпанија и важи за вистинска легенда на каталонскиот гигант.