Чави има план за иднината: Прво мал одмор, а потоа во Премиер лигата

Шпанскиот стратег Чави се раздели со Барселона и е слободен, а негова голема желба е еден ден да работи во англиската Премиер лига.

44-годишникот не планира во брзо време да преземе нов клуб, затоа што сака одмор. Стратегот е слободен повеќе од еден месец, откако три години работеше во редовите на шпанскиот клуб од Каталонија.

Како што пишува шпански „Спорт“, целта на Чави е по одморот да преземе клуб од Премиер лигата. Причината за такво нешто е што тој смета дека ова првенство е најинтересно и најконкурентно.

Не е познато каде тој би сакал да продолжи, но се шпекулира дека Чави е можен наследник на Пеп во Манчестер Сити.