Чави има големи проблеми, пет фудбалери се повредија со репрезентациите

Барселона

Чави Хернандез ќе го дочека крајот на репрезентативната пауза со големи проблеми. Многу фудбалери во изминатите неколку дена се повредија и ќе бидат недостапни за клупските обврски.

Дури пет играчи на шпанскиот гигант заработија повреди. Тоа се Роналд Араухо, Жул Кунде, Мемфис Депај, Френк де Јонг и Осман Дембеле.

Ростерот на Каталонците ќе биде десеткуван во наредниот период. Ова се ужасни вести за Чави, кој полека ќе ја подготвува екипата за првото „Ел Класико“ соочување против Реал Мадрид, кое е закажано на 16 октомври.

Тука е и двомечот со Интер и дуелот против Баерн во Лигата на шампионите, потоа гостувањето кај големиот ривал од престолнината и судирите со Виљареал, Атлетик Билбао, Валенсија...