Чави: Игра како против Бенфика ни овозможува да се надигруваме со секого

Чави

Барселона имаше многу среќа во завршницата и одигра реми без голови на домашен терен против Бенфика. Тоа значи дека шпанскиот тим ќе мора да освои бод или да оствари победа на гостувањето кај Баерн Минхен и да се надева поволен резултат од вториот меч во групата.

Чави Хернандез пред себе го има првиот сериозен предизвик во сезоната. Младиот стратег најавува атак на цел плен на жешкиот терен на „Алијанц Арена“.

„Ќе одиме во Минхен со намера да победиме. Ќе се надигруваме со Баерн со уште две недели тренинзи. Позитивната вест е дека сè уште зависиме од себе. Играјќи вака, како против Бенфика, можеме да се натпреваруваме со секого“, верува легендата на Каталонците.

Баерн е сигурен патник во осминафиналето, а Барса и Бенфика ќе се борат за второто место во последното коло од групната фаза.