Чави гледа кон Лондон и се насочи кон триото од Челзи

Чави

Не престануваат шпекулациите околу новите засилувања кои ги подготвува Чави Хернандез како прв тренер на Барселона.

Според пишувањата во Англија, младиот стратег се насочил кон Премиер лигата. Поточно кон Лондон, каде гледа три потенцијални имиња, кои би можеле да го засилат каталонскиот клуб.

Се работи за триото на Челзи – Кристијан Пулишиќ, Калум Хадсон-Одои и Хаким Зијеч. Шпанецот е голем фан на нивната игра, а се надева дека ќе ја искористи големата конкуренција во редовите на „сините“, за да ги убеди да се преселат во Примера.

Дани Алвес е првото засилување на Барса под палката на Чави. Ветеранот се враќа на познат терен и ќе игра за скромна сума на пари, само за да ѝ помогне на својата поранешна екипа.

Со шпанскиот гигант се поврзуваат уште Тиаго Алкантара од Ливерпул и Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.