Чавдаровски даде ЕВРОГОЛ, но Брера израмни во СТОТАТА минута – па по пеналите го освои Купот! (ВИДЕО)

Пионерската екипа на Брера го освои Купот на Македонија. Во финалната средба одигра на стадионот во Маџари, надежите на Брера по изведувањето на пеналите го совладаа Пелистер и забележаа нов голем успех за својот клуб.

По регуларните деведесет минути игра резултатот беше 1-1. Први на погодок се радуваа „зелено-белите“, откако во петтата минута Чавдаровски испрати проектил и ја стресе мрежата на Брера за 1-0 за Пелистер. Овој резултат беше активен дури со стотата минута, кога Митев најдобро се снајде во мешаницата пред битолскиот гол и со глава израмни на 1-1.

Во ваква ситуација правилата налагаат директно удари од единаесет метри, во кои поуспешни беа струмичките надежи, со 3-1.

Претходно во денот се одигра и финалето во категоријата помлади пионери во кое Брера исто така беше поуспешна од Пелистер (3-0).