„Чарли му аплаудираше на Клоп и го праша како мина во финалето на СП!“

Јирген Клоп, германскиот стратег кој го води Ливерпул, по натпреварот меѓу Евертон и „црвените“ кој заврши без победник (0-0), имаше конверзација со детенцето што му аплаудираше по градското дерби.

Клоп делуваше нервозно, но таткото на детенцето кое се вика Чарли, на социјалните мрежи ја објасни целата ситуација. 

„Немаше агресија меѓу Клоп и Чарли. Се мина добро, во знакот на дербито. Чарли само го праша како мина во финалето на Светското првенство“, кажа таткото на Чарли.

Инаку, терминот „финале на Светското првенство“ го искористија Клоп и Марко Силва, за да ја демонстрираат важноста на натпреварот меѓу Евертон и Ливерпул за двете страни.

Со ремито кај „карамелите“, тимот на Клоп направи голем чекор назад во битката за титулата во Премиер лигата.