ВИДЕО: Чарлес го спаси Еибар од домашен пораз од Еибар

Двете пријатни изненадувања во шпанска Примера, Еибар и Хетафе одиграа прекрасен натпревар, со кој се отвори 24. коло на Примера. Надигрувањето на „Ипуруа“ заврши без победник 2-2 (0-1), а со ремито позадоволни може да бидат домаќините кои се спасија од пораз во последните десетина минути.

Хаиме во 37. минута ги доведе гостите од Мадрид во водство, а кога Димитри Фулкие погоди на почетокот од вториот дел за 0-2, се чинеше дека екипата на Хетафе ќе го однесе целиот плен. 

Бразилецот Чарлес од пенал во 62. минута намали на 1-2, а истиот фудбалер во 80. минута со прекрасен гол израмни на 2-2. Баскијците со ова реми стигнаа до 31 бод и десеттата позиција, а Хетафе се искачи на петтото место со 36 бода.