Чапекоенсе ја одби понудата за имунитет: Тоа се глупости!

„Чапекоенсе ќе игра како што играше до сега. Фер и со срце и нашата судбина нека се одреди на терен“, се зборовите на претседателот на бразилскиот клуб, Иван Тозо. 

Пред нешто повеќе од една седмица, Чапекоенсе ги загуби скоро сите фудбалери во трагичната авионска несреќа во Колумбија, а големите бразилски клубови Коринтијанс, Сантош, Сао Паоло и Палмеирас му нудат играчи за да може Чапекоенсе да се натпреварува и во идната сезона. Исто така од фудбалскиот сојуз побараа несреќниот клуб да добие имунитет од испаѓање во наредните три сезони. 

Сепак, од клубот велат што и да одлучи фудбалскиот сојуз тие нема да го прифатат предлогот за имунитет:

„Тоа се глупости. Благодарни им сме на сите, но тоа навистина не е потребно“, додаде Тозо. 

Сè уште не е познато дали Чапекоенсе ќе го одигра финишот од оваа сезона, а вчера и официјално е прогласен за шампион во Копа Судамерикана.