ВИДЕО: Чалханоглу впиша гол и три асистенции на дебито за Интер

Екипата на Интер се распука во натпреварот со Кротоне и славеше со убедливи 6-0 (3-0), иако Симоне Инзаги на овој натпревар имаше комбиниран состав без неколку од главните ѕвезди.

  • Извештај од натпреварот:

На дебито одушеви турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу, кој во Интер пристигна од редовите на градскиот ривал Милан. Играчот од средниот ред за 55 минути на теренот забележа учинок од еден гол и три асистенции.

Покрај Чалханоглу, во мрежата на аутсајдерот на хартија стрелаа уште Сатриано, Ди Марко, Пинамонти, Сенси и Брозовиќ.

За Интер ова беше трета победа во третиот контролен натпревар пред стартот на сезоната.