ВИДЕO: Чалханоглу режира нов пресврт над Комо, Интер е на чекор од двојна круна!

Лидерот во Серија А, Интер, одигра нов неверојатен натпревар против Комо, овој пат во полуфиналниот реванш меч од Купот на Италија, славејќи со пресврт и конечни 3-2 (0-1) на „Џузепе Меаца“ во Милано. 

„Нероаѕурите“ имаа двојна негатива по 48 минути игра, но успеаја да стигнат до нов пресврт против истиот ривал, кого на сличен начин го победија во првенството пред само неколку дена. Комо имаше водство со головите на Мартин Батурина и Лукас да Куња, но потоа на сцената стапи неверојатниот Хакан Чалханоглу, кој го режираше пресвртот за својот тим. 

Турскиот репрезентативец погоди во 69. и 86. минута, носејќи израмнување (2-2), а веднаш потоа асистираше за Петар Сучиќ, кој ги постави конечните 3-2, само три минути подоцна. Гостите од Комо не успеаја да се соземат од ударот на фаворитот и го „положија оружјето“, повторно останувајќи без победа против овој противник. 

  • Извештај од натпреварот:

Интер обезбеди учество во финалето на италијанскиот Куп, бидејќи првиот натпреваар заврши без голови, и ќе има шанса да ја освои двојната круна во Италија. Тимот на Кристијан Киву има предност од дванаесет бода пред Наполи на пет кола до крајот во шампионатот.