Чалханоглу: Јас сум најдобар играч за врска, пред Родри и Крос!

Еден од носителите на играта на Интер, Хакан Чалханоглу, одново зборуваше со суперлативи за самиот себе. Турскиот играч за врска навистина игра на врвно ниво, а тој уште еднаш кажа дека себе се гледа како најдобар на светот на својата позиција. 

Пред неколку месеци Чалханоглу само спомена дека е најдобар, а сега даде и образложение зошто мисли така. 

„Јас сум најдобриот играч кој игра длабоко во средниот ред. Сметам дека сум најдобар региста на светот, пред Родри кој е втор, а Крос е трет. Пред многу месеци кажав дека сум меѓу најдобрите, но никој не ми веруваше. Си ги знам своите квалитети и не се плашам од никој. Никој не дава голови како мене. Тоа не се погодоци од пет метри, туку тешки голови од тешки позиции. Никогаш не правам пасови на пет метри, туку праќам одлучувачки топки кои водат до гол. Можам уште да напредувам, а доста пораснав и во дефанзивната игра.

Интер и Чалханоглу чекорат сигурно кон титулата во Серија А, во Лигата на шампионите славеа (1-0) во првиот меч против Атлетико Мадрид и целите се навистина високи.