Чалханоглу: Цела Турција е горда на нас, одиме по добри резултати на Мундијалот!

По победата на Турција над Косово (0-1) во плеј-офот за Светското првенство, капитенот Хакан Чалханоглу изјави дека е горд на својот тим, како и дека најважно било да се оствари целта - пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. 

Фудбалерот на Интер повторно беше меѓу предводниците на својата репрезентација, која оствари минимален триумф на незгодниот терен во Приштина. 

„Ќе ја претставуваме нашата земја на најдобар можен начин. Многу сме горди што ѝ донесовме радост на нацијата. Нашата прва цел е да ја поминеме групата, а потоа ќе одиме чекор по чекор. Верувам во овој тим, покажавме дека можеме да играме на највисоко ниво.

Ќе растеме уште повеќе, имаме огромен квалитет во ростерот. Сакаме да бидеме уште подобри, тоа е нашата главна цел. Знаеме дека цела Турција се гордее со нас, тоа е најважно“, рече Чалханоглу. 

Турција победи на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, а стрелец на единствениот погодок беше напаѓачот на Фенербахче, Керем Актуркоглу.