ВИДЕО: Чакир, зар требаше да „летне“ главата на Лонг, за да досудиш пенал за Ирска?

Никој не ја спори денешната победа на Белгија против Ирска, но Ирците и тоа како се оштетени во 50. минута од мечот, при резултат од 1-0 за „црвените ѓаволи“.

Имено, во таа минута напаѓачот на Ирска, Шеј Лонг се најде во „сендвич“ помеѓу одбранбените фудбалери на Белгија, Вермален и Алдервејрелд, во кој на негова среќа остана со главата на неговите рамења. Сепак на овој старт на двајцата дефанзивци на Белгија, главниот судија Чакир остана нем и не досуди индиректен удар или пенал за Ирска.