• Мартин Танасковски

Сите прволигаши имаат пријавено стадиони со ВАР-лиценца и услови, со исклучок на стадионот во Чаир каде игра Шкупи и каде нема услови за имплементација на системот, барем засега, затоа што клубот не соработува со ФФМ.
Потребни се платформи за позиции на камерите и техничка соба, за да може да се имплементира системот на овој стадион. ВАР-собата која ќе ги следи сите одлуки на судиите во ПМФЛ се наоѓа во „куќата на фудбалот“.
Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, информира дека Шкупи мора да најде начин да се заврши целата постапка околу имплементацијата на ВАР-системот на „Чаир“, во спротивно ќе мора клубот да бара нов дом кој ги поседува условите.






