• Иван Димовски

Динамо Загреб приреди подвиг на стартот на групната фаза во Лигата на шампионите, победувајќи го Челзи на „Максимир“ со 1-0. „Модрите“ одиграа перфектен натпревар, поведоа во првиот дел и потоа успеаја да го издржат гостинскиот налет.
Своето задоволство по дуелот го изрази тренерот Анте Чачиќ. Тој смета дека ова е историски натпревар за Динамо.
„Ова беше историски натпревар, вредни три бода против еден моќен Челзи. Честитки за момците кои имаа 90 минути концентрација, бевме подготвени да чекаме свои шанси. Знаевме дека ќе се отворат. Сметам дека ова е поинаков Челзи од тој што ќе нè дочека следниот месец. Не паметам кога Динамо победил вака квалитетен ривал на ова ниво. Тие дојдоа во комплетен, а не во втор состав. Морам да нагласам дека ова е лична сатисфакција и за мене“, кажа Чачиќ.
Во второто коло следната седмица Динамо Загреб гостува на „Сан Сиро“ кај Милан.