Чаби Алонсо одби понуда од „лига петка“, клубот бил во целосен хаос

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо ја одбил понудата да седне на клупата на Олимпик Марсеј поради загриженост дека клубот се наоѓа во „премногу хаотична состојба“. Шпанскиот стратег е во потрага по нов ангажман откако на почетокот на јануари доби отказ од Реал Мадрид, со што ненадејно ја заврши својата кратка, седуммесечна епизода на „Сантијаго Бернабеу“.

Според информациите на „Дејли Мејл“, раководството на францускиот клуб стапило во контакт со Алонсо по разделбата со Роберто де Зерби, но Шпанецот експресно ја одбил можноста да ја преземе функцијата.

Како клучна причина се наведува нестабилната атмосфера во клубот, која, според извори блиски до преговорите, не гарантира долгорочен проект и спортска сигурност.

Алонсо зад себе има успешен тригодишен мандат во Бајер Леверкузен, по што минатото лето се пресели во Мадрид со големи очекувања. Сепак, неговата авантура во шпанската престолнина траеше пократко од предвиденото.