• Горан Упале
Фудбалерите на Баер Леверкузен во петокот остварија нова победа, на домашен терен со 2-1 славеа против Мајнц 05 во рамките на 23. коло од Бундеслигата.
Со оваа победа, Баер Леверкузен постави нов рекорд од 33 натпревари без пораз (соборувајќи го рекордот на Баерн на Ханси Флик помеѓу 2019 и 2020 година) и моментално има 11 бода повеќе од Баерн, кој има натпревар помалку. Но, тренерот на „фармацевтите“, Чаби Алонсо, рече дека не се грижи премногу за тие бројки.
„Не се грижам премногу (за рекордите) пред да се случат, но кога ќе се случат, јас сум навистина горд. Постигнуваме големи работи, но не сакаме да застанеме. Јас сум повеќе од среќен и се надевам дека ќе има уште повеќе причиниз за тоа“, рече шпанскиот тренер.
Баерн Минхен вечерва ќе го пречека РБ Лајпциг на нашиот Ељиф Елмас во дербито на колото во Бундеслигата.