Чаби Алонсо може да здивне, повредата на зглобот на Мбапе не е сериозна

Чаби Алонсо нема причини за загриженост. Повредата на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, не е сериозна. Францускиот репрезентативец беше заменет кон крајот на натпреварот против Виљареал оради болки во зглобот.

Мбапе побара итна медицинска помош веднаш по постигнувањето на голот на „жолтата подморница“ за конечна победа од 3-1. По натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, тренерот на Реал Мадрид , Чаби Алонсо потврди дека Мбапе имал непријатност со зглобот уште пред натпреварот.

Шпанецот сепак изјави дека се очекува напаѓачот да отпатува во репрезентацијата на Франција пред квалификациите за Светското првенство во средината на месецот. Килијан вчера го гледаше во живо својот брат Итан на дуелот меѓу Лил и ПСЖ.