• Горан Упале

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, во најавата за натпреварот кој неговиот тим го игра во седмото коло од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, зборуваше и за потенцијална преселба во Реал Мадрид.
Погодно се совпадна Чаби Алонсо, кој долго време се сметаше за кандидат да седне на клупата на некој трофеен клуб, да се најде во Мадрид и тоа во истиот ден кога излезе веста дека Карло Анчелоти ќе ја заврши мисијата во Реал на крајот на сезоната. Сепак, шпанскиот тренер на клупата на Баер Леверкузен не кажа ништо поконкретно.
„Повторно прашање за Реал?
Реал Мадрид и јас имаме силна врска, тоа е апсолутно јасно. Но, јас сум мирен, мојот фокус моментално е на Баер. Само овој клиб е во мојата глава“, изјави Алонсо.
Баскиецот е поранешен член на Реал, а минатата сезона го предводеше Баер Леверкузен до првата титула во Бундеслигата.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.