Чаби Алонсо има „таен“ договор за преселба во Реал Мадрид

Германските медиуми пишуваат дека Чаби Алонсо наскоро би можел да ја прифати понудата на Реал Мадрид, кој ќе се раздели со досегашниот предводник, Карло Анчелоти. 

Алонсо има договор со Баер Леверкузен уште една година, но управата обелодени дека тој има „таен“ договор со нив и може да замине ако добие понуда од некој од бившите клубови во играчката кариера. 

Ова значи дека Алонсо може предвреме да замине само во Ливерпул и Реал Мадрид, што автоматски значи дека Шпанецот би требало да биде нов тренер на „кралевите“. 

Чаби Алонсо е тренер на Леверкузен од 2022 година. Минатата сезона оствари историски успех и ја освои првата шампионска титула во историјата на „фармацевтите“.