Чаби Алонсо: Чест ми е што сум дел од Леверкузен

Чаби Алонсо заврши неверојатна работа и со Баер Леверкузен ја освои првата титула во Бундеслигата во историјата на клубот.

Шпанскиот стручњак успеа да оствари 25 победи и само четири нерешени исходи со тимот од „Бај Арена“.

„Ова е посебен момент за клубот. Да се освои првата Бундеслига во 120 години историја е неверојатно. Играчите се фантастични, клубот е фантастичен.

Чест ми е што сум дел од Баер Леверкузен“, изјави Алонсо.

Најважно за навивачите на клубот од Леверкузен, покрај титулата, е фактот што Алонсо реши да остане во клубот и покрај тоа што имаше понуди од Ливерпул и Баерн Минхен.